Од редакцијата на Нова телефонски го прашале поранениот градоначалник на Карпош,Стевчо Јакимовски, дали прочистувачот бил набавен со општински пари или пак бил некаква донација. Јакимовски на ова кусо одговорил дека не се сеќава.

- Не се сеќавам навистина, а и што е битно тоа - рече Јакимовски. 

„Додека карпошани дишеле загаден воздух, Стевчо во канцеларија дишел воздух од „Швајцарски Алпи”, напиша актуелниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев на Твитер.