Јаболковиот оцет настанува со ферментација на сокот од јаболки. Највеќе се препорачува природен јаболков оцет, кој не содржи никакви додатоци. Во текот на процесот на ферментација природните шеќери од јаболкото се разложуваат, со помош на бактериите и квасецот. Тоа што прво настанува е алкохолот, а потоа оцетот.

Јаболковиот оцет често се користи во исхраната, но тој има голема улога и во намалување на тегобите на некои болести и нивното спречување. Неретко, тоа се нарекува лек за сите болести.

Препорачаната дневна доза од јаболковиот оцет која треба да се зема во текот на денот изнесува 2 лажици јаболков оцет измешан во млака вода, со додавање на 2 лажици природен мед. Ваквиот еликсир има голема примена: помага кај болестите на грлото, кај неуредното варење и лошиот метаболизам, слаба циркулација и слаба размена на материи во организмот и се препорачува кај болести на срцето, бубрезите и крвните садови. Докажано е дека јаболковиот оцет го намалува покачениот крвен притисок и е одличен сојузник во борбата против вишокот килограми.

Освен тоа, јаболковиот оцет се препорачува и за следните намени:

За блескава кожа и против чешање на кожата се препорачува надворешна употреба на разблажен оцет, а масирањето и триењето со ваков раствор ќе им годи и на потполно здравите личности. Јаболковиот оцет во млака вода на овој начин и дава мекост на кожата, но и влажност и сјај.

За проширени вени се користи во комбинација со здрава исхрана и чистење на организмот. На тој начин, се постигнуваат одлични резултати. На ист начин, тоа помага и кај некои ревматски заболувања  и чувство на постојан замор, на кој се повеќе се жалат луѓето.

Неразблажениот јаболков оцет е одличен за испирање на грлото при првите знаци на настинка, а се препорачува и да се користи при патувањата кога ќе се јави проблемот со лошото варење, кое е поврзано со промена на водата и исхраната.

Јаболковиот оцет е богат со калциум, а влијае и на работата на нервите и мускулите. Доколку чувствувате поспаност, постојан замор, грчење и болки во мускулите, веројатно ви недостасува калиум, кој исто така е содржан во јаболковиот оцет и неговото конзумирање дава одлични резултати.

За намалување на крвниот притисок, се препорачува три пати дневно да се конзумира чаша вода со две лажици јаболков оцет.

За испирање на грлото, во чаша вода се додава лажица јаболков оцет и оваа течност се користи за испирање на грлото на секои два часа.

Против болки во синусите, на секои 6-7 часа се препорачува да се испие чаша вода во која е разматена со 1 лажица јаболков оцет.

За ревматски заболувања и болки во зглобовите, се препорачува во текот на ноќта да се ставаат облоги натопени во јаболков оцет, над кои ќе се стави топла ткаенина. Се препорачува и да се испие чаша вода со секој оброк во која се разматени 10 лажички јаболков оцет.

За слабеење, се препорачува секое утро да се конзумира чаша вода во која ќе се додаде 1-2 лажици јаболков оцет  или пак со секој оброк да се пие чаша вода со 1 лажица јаболков оцет. Се препорачува ваквиот напиток да се конзумира цели три месеци. Тоа помага во согорување на масното ткиво.