ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Делови од Скопје утре без струја

Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Македонија“ - од „Рекорд“, „Мекицита на Стража“ до улицата „Луј Пастер“, објектот на „Технометал Вардар“, улицата „Ѓуро Стругар“, хотелот „Бест Вестерн“, Домот „Мајка Тереза“ и сите објекти во околината во општина Центар.

Од 11:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „АСНОМ“ бр. 2 и бр. 4, полициската станица „Аеродром“ и корисниците во околината.

Дел од корисниците од селото Рашче ќе бидат без струја од 9 до 14 часот, а од 10 до 12 часот дел од корисниците од Усје.

Во временскиот период од 7 до 8 часот без струја ќе бидат корисниците во селата Грушино, Мршевци, Дељадровци, Бујковци и Бучинци во општина Илинден, а од 9 до 11 часот дел од корисниците на улиците „Злетовска“, „Нов живот“ и „Брсјачка буна“ во општина Шуто Оризари.