Изваден дел од пругата на патот кон населба Даме Груев и Волково

Отстранет е дел од пругата лоциран во близина на кружниот тек кај црквата св. Петар и Павле, кој беше на самата сообраќајница на патот кон ,,Даме Груев” и Волково.

По дводецениското нефукнционирање и по добиената согласност од Македонски Железници Транспорт, Град Скопје преку ЈП ,,Улици и патишта” ги извади шините и праговите.  На нивно место ќе се постави асфалт.

Со ова се решава уште едно сообраќајно прашање кое беше болна тема за граѓаните кои транзитираат на ова релација.

cheap nike air max 90