Изутринава почувствуван земјотрес во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.

Овој земјотрес се случи во 04 часот и 55 минути, со Рихтерова локална магнитуда 1.6. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.