Изутринава биле испукани неколку куршуми кон хотелот ,,Александар Палас” - повредени нема

Изутринава околу 3 часот биле испукани неколку куршуми кон хотелот ,,Александар палас” во Скопје. Повредени нема, оштетени се неколку прозорци и фасадата, информира МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 3.20 часот изутрината. Во СВР Скопје било пријавено дека ,,непознато лице испукало неколку куршуми кон хотел на бул „8 септември“ во Скопје”.

Повредени лица нема, а биле оштетени неколку прозорски стакла и дел од фасадата. Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

cheap nike air max 90