ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА: Нови правила за кладилниците и коцакрниците во Македонија

Казината и обложувалниците ќе мора да бидат оддалечени најмалку 300 метри од основни и средни училишта. Ова се предвидува со измените на Законот за игри на среќа и забавни игри.

Според нив, ниту една обложувалница или автомат клуб нема да смее да биде блиску до училиштата.

Со измените се предвидува да се вратат лиценците за секоја деловна просторија за автомат клубовите а кладилниците ќе можат со 500.000 евра депозит да отворат вкупно 50 уплатни места.

Покрај ова се предвидува и воведување на обврска апаратите во автомат клубовите да не смее да бидат постари од една година, бидејќи Владата утврдила дека кај старите апарати не може да се гарантира исправноста на играта.