Измамена скопјанка: Уплатете пари па ќе добиете работа за плата од 300 евра

Пакувајте детски пижами и постелнина, хонорарно од дома. Интересен оглас на страниците за огласување кој нуди уште подобра можност ако се јавите на наведениот телефон.

Овој оглас ја заинтересирал и скопјанката Бети. И таа го свртела телефонскиот број за да си ја проба среќата. На Бети и кажале дека искуство не и е потребно.

Бети неколку пати претходно била измамена на слични огласа, а правдината не успеала да ја истра до крај. Овој пат решила да не ги уплаќа средствата, но дознала дека нејзина познаничка ги платила бараните средства и никогаш повторно не успеала да се слушне со огласувачката.

Од МВР, Сител не добила информација дали некој досега кај нив се пожалил на ваква измама и дали службите  постапувале по слична пријава.