Вчера во 12,30 часот во Полициска станица Гази Баба М.Р.(43) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10,00 часот од страна засега непознато женско лице била измамена и притоа била оштетена за околу 60.000 денари.

Имено сторителката дошла кај неа дома и продавала долна облека, но оштетената ја одбила, по што истата побарала кафе и М.Р. и дозволила да влезе во нејзиниот дом.

Откако влегла сторителката почнала да и кажува некои работи за семејството на М.Р. и и кажала дека знае да гата и барајќи и злато. Откако оштетената и го донела златото (девет златни прстени, бурма, нараквица и две обетки), сторителката и кажала дека за да ги отстрани лошите работи мора да оди во црква и дека ќе се врати за еден час, по што таа ги оставила обетките и нејзината стока, а златото го земала, заминала и не се вратила.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.