Изложба „Живот во бои" на Андријана Мациев

Денеска со почеток во 12:00 часот, во Домот на култура „Илинден" ќе биде отворена изложбата „Живот во бои" на ликовниот уметник Андријана Мациев.

Андријана Мациев дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Досега има остварено повеќе самостојни изложби во Скопје, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Белград, Софија, а учествува и на повеќе групни изложби, манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од државата, за што е добитник на повеќе награди.