Изложба во Градскиот парк за урбаниот биодиверзитет

Македонското биолошко друштво и Институтот за комуникациски студии во рамките на камањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ организираат научно-едукативен настан за значењето на урбаниот биодиверзитет, кој ќе се одржи на 6 јуни (четврток) од 10 до 12 часот во Градскиот парк во Скопје (кај Школка).

„Ве покануваме да ја погледнете отворената изложба на хербариуми, фаунариум и аквариум со примероци од повеќе градови во Македонија, но и да се пријавите за учество на интерактивните активности и игри за ботаника и зоологија на без’рбетни животни.“, пишува на нивната фејзбук страна

На овој линк може да прочитате повеќе за пријавувањето.