Изложба со мотиви од Велигден во Општина Илинден

По повод големиот христијански празник Христовото Воскресение- Велигден, на 05.04.2017 г. (среда) со почеток во 13:00 часот, во Домот на култура „Илинден", во Општина Илинден, ќе биде отворена изложбата „Уметниците и Велигден", на Климе Коробар

Во Галеријата на Домот на култура „Илинден" ќе бидат изложени дела на повеќемина уметници меѓу кои Васко Ташковски, Мирослав Масин, Владимир Георгиевски, Новица Трајковски, Данчо Ордев, Микица Тројкановиќ, Ѓото Чулаковски и други.

Секоја творба е придружена со филателистички знак, со поштенски марки издадени од Македонска пошта, на тема Велигден.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 17. април.