Изложба под отворено небо

Град Скопје Ве поканува денеска на платото пред Универзална сала со почеток во 19 часот на „Изложба под отворено небо“. Почетокот на изложбата ќе биде збогатен збогатен со звуците на Градскиот дувачки оркестар.

На изложбата ќе учествуваат уметниците: Андреј Митевски, Александар Наумоски, Лирим Хоџа, Горан Костовски, Љубиша Камењаров, Игор Сековски, Гоце Наневски, .Шќипе Мехмети, Ладислав Цветковски, Славица Јанешлиева- Бачварска, Марија Рашковиќ, Александар Рашковиќ, Роберт Јанкулоски и Ѓорѓе Јовановиќ.

Основна замисла на изложбата на отворено е да се презентира иницијативата на Град Скопје за подигање на квалитетот на урбаното планирање на локации на отворено и збогатување на содржините со проекти од областа на културата.