Изложба на значки (фалеристика) ќе биде отворена утре во 12 часот во НУ Музеј на македонската борба – Скопје.
Изложбата е во организација на најмалиот етно-музеј од селото Џепчиште, Тетовско.
Над седумдесетина грба ќе бидат презентирани околу 10.000 значки и триесетина бронзени плакети.
Посетителите ќе можат да ја разгледаат изложбата до 19 мај.