Изложба на значки во Музејот на македонската борба

Изложба на значки (фалеристика) ќе биде отворена утре во 12 часот во НУ Музеј на македонската борба – Скопје.

Изложбата е во организација на најмалиот етно-музеј од селото Џепчиште, Тетовско.

Над седумдесетина грба ќе бидат презентирани околу 10.000 значки и триесетина бронзени плакети.

Посетителите ќе можат да ја разгледаат изложбата до 19 мај.