Изложба на „Уметничка меѓународна група со пријателите“ во Домот на култура „Илинден“

На 20.08.2019 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, во Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден ќе биде отворена изложба на слики во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“.

На изложбата што ќе ја отвори сликарката од Русија, Олга Панкина, ќе бидат застапени 15 уметници од Велика Британија, Русија, Бугарија, Кореја, Романија, како и од нашата земја, со околу 40-на дела.