Изложба на скулптури „Надвор од кутијата“ од Владо Павлески

Во Изложбениот салон – Империјал 1 вечер ќе биде отворена изложбата на скулптури и слики насловена „Надвор од кутијата“ од Владо Павлески.

На изложбата ќе бидат претставени скулптури работени во алуминиум и слики работени во масло и акрилик, создадени во последниве пет години.

Владо Павлески е роден 1948 година во село Подвис, Кичево. Дипломирал архитектура, при Архитектонскиот факултет, на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, во Скопје. Магистрирал вајарство на Ликовна академија во Скопје, под менторство на проф.Жарко Башески. Од 1965 година, работи во ателјето на академскиот скулптор Борис Николовски, а потоа кај Александар Ивановски – Кардере. Излага од 1979 г. Член на ДЛУМ од 1982 година. Од 1980 година, до 2000 година, работи во МРТ како сценограф, на преку 150 играни серии и 10 играни ТВ филмови.

Павлески учествувал на повеќе самостојни изложби, поголеми тематски и групни изложби, а добитник е и на многу награди.