Изложба на ловни раси на кучиња во Скопје

Кинолошките друштва во Македонија активно ја работат својата работа и подготвуваат бројни изложби за кучиња. Ова е уште една активност од нивна страна. 

Македонскиот Клиб за ловна кинологија е во подготовка на изложба за ловни раси на кучиња со доделување на титули за клубски победник. 

Настанот ќе се одржи на 25 март 2018 година во населба Влае, Скопје, од 9:00 до 15:00 часот. 

Ова е одлична можност за сите сопственици на кучиња. Поради тоа искористете ја можноста, пријавете го својот миленик и уживајте во добра организација и дружба заедно со останатите кучиња од овие раси.