Изложба „Икони од Музеј на град Скопје“: 50 икони од Скопје и скопско

На 23 април, (вторник), со почеток во 20 часот, во просториите на ЈУ Музеј на град Скопје ќе се отвори изложбата Икони од музеј на град Скопје.

Автор на изложбата и каталогот е м-р Викторија Грозданова Коцевски, кустос советник, историчар на уметноста, а за значењето на презентираните дела ќе говорат Фросина Зафировска, в. д. директор на ЈУ Музеј на град Скопје и проф. д-р Сашо Цветковски.

Изложбениот концепт опфаќа презентација на педесетина икони кои припаѓаат на фондот на ЈУ Музеј на град Скопје, а датираат од времето на 19 и почеток на 20 век. Збирката Икони од музеј на град Скопје се формирала во изминатите пет децении. Иако овој фундус на икони е мал по обем, сепак по својата впечатлива и вредна содржина во голема мера го отсликува развојот и еволуцијата на стилските особености на црковната уметност низ 19-от век во Скопје и скопско, но и пошироко на територијата на нашата земја. Автори на делата се најталентираните зографи на македонската преродбенска уметност како Дичо Зограф, но секако и неговите следбеници Петре Пачаров Дебранец, Благој (Блаже) Дамјанов, Дамјан Зограф од Крушево, Димитар Андонов Папрадишки и др. Неопходно е да се посочи дека овој концепт претставува прво прикажување на збирката како единствена целина, при што на пошироката јавност ќе и се овозможи поаналитичко запознавање со иконографскиот и стилско – ликовниот развој на зографската „ренесансна уметност” низ бурните текови на 19 век на нашата територија.

cheap nike free run 5.0