Излета возило на МВР, тројца полесно повредени

Тројца припадници на Армијата се полесно повредени откако возилото со кое се превезувале излетало од патот, синоќа на регионалниот пат Богданци-Гевгелија. 

На место викано Лгот, патничкото возило „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Б.Ј. излетало од коловозот. Во возилото се превезувале и шест припадници на Армијата, кои биле на испомош во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“. Во незгодата со полесни повреди се здобиле тројца припадници од Армијата, по што биле пренесени во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.