ИЗИИС: Ќе заборавиме на земјотресите, по денешниот нема да има повторувања

Денешниот земјотрес од 3,1 степени е последица на земјотресот од 5,3 степени според Рихтеровата скала од почетокот на минатиот месец. Михаил Гаревски, директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) вели дека веројатноста за нови земјотреси е минимална.

„Ова беше последен земјотрес во серијата земјотреси во Скопје од почетокот на минатиот месец. Според досегашното искуство со афтершокови, не се очекуваат повторувања. Ќе заборавиме на земјотресите“, вели Гаревски за САКАМДАКАЖАМ.МК, нагласувајќи дека земјотресите не може да се предвидат, но јачината и видот на денешниот земјотресот укажуваат дека се работи за афтершок, пишува 

По силниот земјотрес од 11 септември со јачина од 5,3 степени, имаше повеќе од десет афтершокови, од кои најсилен беше оној од 12 септември со јачина од 4 степени.