Изгубил контрола и паднал на коловозот, тешко повреден мотоциклист во Скопје

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 09.20 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, О.И.(33) од Скопје, управувајќи мотоцикл „Ерси“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.