Изгубил контрола и излетал од пат - страшна несреќа во Скопје, еден загинат

Три лица се потешко повредени во три од вкупно 12 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири се полесно повредени шест лица, а во четири е причинета материјална штета.

За жал, вчера во 11:30 часот на некатегоризиран пат село Копаница – место викано Жеден, во близина на место викано Втора Скала, трактор „форд“ без регистарски таблички, управуван од жител на Скопје, кој за сопатник имал лице од Струга, изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и се превртел.

Вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, 11 возачи за време на управување на моторното возило го користеле мобилниот телефон, како и кај 13 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 32 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 42 возила.

Денеска Одделението за превенција ќе одржи посебна воспитна мерка – сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.