Изградена нова пристапна рапма пред Домот на културата во Ѓорче Петров

Се залагаме и работиме на создавање  општество без разлики и еднаквост за сите. Секој заслужува еднаква шанса за остварување на своите права.

Го подобривме пристапот во Домот на културата во Ѓорче Петров. Наместо неадекватната рампа, изградивме нова  стандардизирана пристапна рампа со две монтажни патеки кои треба да ги премостат скалите во внатрешноста на Домот.

Општината досега има изградено 14 пристапни рампи во сите јавни установи на своја територија. Оваа година останува да се реши и вертикалната пристапност во основните училишта.

Нашите заложби се за рамноправност, целосно и достоинствено уживање на човековите права на лицата со хендикеп.