Изградба на четири нови пешачки мостови во општина Илинден

Општина Илинден почна со изградба на нови четири пешачки мостови кои се дел од проектот „Изградба и санација на 10 мостови“. Мостовите со должина од 14 и широчина од 3 метри се градат над главниот отворен одводен канал и тоа два моста во населба Илинден и два во Марино. Вкупната инвестиција за изградбата на четирите моста изнесува 12 милиони денари, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

Покрај овие четири мостови, во тек се градежни активности и за изградба на уште три и тоа еден сообраќаен во Мралино и два пешачки моста во Миладиновци и Бујковци.

Новиот армирано бетонски мост во Мралино се гради на местото на стариот и дотраен премин кој го попречуваше нормалниот проток на атмосферски води од постојниот канал и беше пречка за нормалното одвивање на сообраќајот. Во населено место Миладиновци, пак, во тек е изградба на пешачки мост над Сува Река, а нов мост се гради и на местото на стариот руиниран премин кој се наоѓаше пред Домот на култура „Бујковци“.