Изгоре возило во Скопје

Ноќеска на улицата Никола Парапунов изгоре „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Г. (61) од Скопје, а делумно е опожарена „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ч.Х.(51) од Кореја, со живеалиште во Скопје.

За среќа, поради брзата реакција, пожарникарите спречиле пожарот да се прошири.