Изгоре куќа во скопски Карпош

Во 21 часот синоќа во Полицијата во Карпош, вработен во Бригадата за противпожарна заштита Скопје пријавил дека на улицата „Скупи 6“ има опожарена куќа. Пламените јазици целосно ја проголтале куќата со покуќнината.

Сопственикот не е познат засега.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.