Изгоре куќа во Кисела Вода, пронајден пеплосен труп

Пожар во куќа сопственост на К.М. (65) се случил синоќа во 21.30 часот во скопската населба Кисела Вода.

Во пожарот куќата целосно изгорела. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита во куќата било пронајдено и едно изгорено тело.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.