Изгоре автомобил кај Меѓуградската автобуска во Скопје

Паркиран автомобил утринава целосно изгоре на паркинг просторот кај Меѓуградската автобуска станица, под Железничката станица во Скопје.

Од МВР за Плусинфо велат дека пожарот бил пријавен од минувачи.

По брзата интервенција на екипа на противпожарната бригада, пожарот е изгаснат, а крим-екипа од скопската полиција започнала истрага која треба да ги открие причините за пожарот