Пожарот во населбата Кисела Вода е изгаснат и нема повредени лица, пишува МИА.

Опожарени биле два кревета од заедничката просторија на зграда на улицата „Томе Томшиќ“ во близина на „Пелагонија“.

Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје информираат дека поради големиот број јавувања за пожарот на лице место биле пратени четири противпожарни возила и десетина пожарникари.