Пред малце заврши гаснењето на пожарот во зградата која гореше во Кисела Вода, како и спасувањето на станарите.
Од Противпожарната бригада соопштија дека во нгаснењето на пожарот учествувале вкупно 11 возила, како и тоа дека пожарот е локализиран и ставен под контрола.
Од таму соопштија дека се спасени и евакуирани сите станари кои во моментот се нашле во зградата.
Од Противпожарната бригада замолија да им се овозможи слободен простор со цел да ја завршат работата целосно.