Издадена двојазична поштенска марка со Скендербег

Македонска пошта и се брза со спроведување на Законот за јазиците со воведувањето на  албански како единствен јазик за комуникација со сите подрачни единици во земјата, сега се воведува нова двојазична поштенска марка со ликот на Скендербег.

Од  А.Д. Македонска пошта соопштуваат дека марката ќе биде промовирана денеска во Собранието на Република Македонија, а е изработена по повод 550 години од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег.

-Поштенската марка е издадена со номинална вредност од 18 денари и тираж од 6000 примероци. Ликовното решение е на Лариса Живковска Донев, соопштуваат од Македонска пошта.