Избери луѓе со кои знаеш на што си и луѓе со кои ќе се радуваш на секој нов ден

Луѓето се опкружуваат со секакви луѓе, па потоа се чудат што сѐ има во нивниот живот. Дозволуваат сѐ и сешто да влезе во нивниот живот, затоа што се плашат дека ќе останат сами, затоа што другите им ветувале брда и долини, а на крајот ги оставиле разочарани, повредени и посрамотени. 

Луѓето се опкружуваат со секакви луѓе, мислејќи дека не е важно кој е околу нив, а кога тие луѓе ќе почнат да им го загорчуваат животот и уништуваат нервите, тогаш сфаќаат дека погрешно избрале. 

Луѓето се опкружуваат со секакви луѓе, а потоа во животот го учат она што ниту една школа нема да ги научи и добиваат лекција која ниту еден професор не можел да им ја предаде и завршуваат студии чија цена е непроценлива. Тоа се случува кога во своето срце ќе ги пуштат оние кои не заслужуваат ништо. Тоа не е секогаш заради наивност, понекогаш е и заради добрина која многумина не можат да ја разберат. 

Навистина е луксуз да се има некој на своја страна, некој кој нема да те остави кога другите ќе си заминат, некој кој ќе те трпи онаков каков што си, со сите твои добри и лоши страни без никаква желба да те прилагодува или менува. Луксуз е да имаш личност со која не мора да ставаш маски, ниту пак да ги бираш зборовите, туку можеш слободно да зборуваш, без никакви стравови и ограничувања. 

Избери луѓе кои знаат да сакаат и кои никогаш нема да се срамат да ги покажат своите чувства кон другите, луѓе кои знаат дека љубовта не е слабост. Избери луѓе кои нема како кукавици да избегаат од тебе, туку ќе останат без оглед на сѐ. Избери луѓе со кои знаеш на што си, луѓе со кои ќе се радуваш на секој нов ден и ќе уживаш во животот.