Избегнувајте ја Рузвелтова ќе се работи на топловодот

Улицата Франклин Рузвелт во близина на Министерството за економија викендов ќе биде под времен режим за движење со возила заради реконструкција со дислокација на магистрален топловод од дистрибутивната мрежа за топлинска енргија на централниот топловоден систем.

Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје работат брзо и ефективно на што поскоро завршување на инвестиционите проекти, а граѓаните се замолуваат за разбирање.

Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје во рамките на својата инвестициска програма за 2017 година спроведува низа активности за модернизација и ревитализација на дистрибутивната мрежа во Скопје. Преку инвестициите се зголемува квалитетот на услугата, а се зголемува и нејзиниот капацитетот во насока на пресретнување на потребите на новите корисници.