Лагите и манипулациите - главна одлика на кандидатот Златко Марин

По повод последните неаргументирани напади од страна на Златко Марин, Кандидат на СДСМ за Градоначалник на општина Аеродром, денес со своја реакција до јавноста се јави градоначалникот на Општината, Ивица Коневски.

Реакцијата ја пренесуваме во целост:

Јас Ивица Коневски, вработените во администрацијата на Општината и Советот на Општина Аеродром неуморно работиме со цел да го претвориме Аеродром во место каде секој жител ќе може непречено да ги остварува своите потреби.

Така, водени од вашите желби и потреби, е донесен и реализиран проектот за изградба на станбени единици во Стар Аеродром, на местото на супстандардните бараки, со цел граѓаните да добијат достојни услови за живот. Проект за кого кандидатот за градоначалник од редовите на СДС води негативна кампања и шири дезинформации. Проект за кој гласал во 2012 година и го оценил како дел од развојниот план за тој реон.

Ние не се служиме со празни зборови и лаги, туку со вистина и факти, а фактите и вистината велат: