Иванов ќе го одликува МНТ со Орден за заслуги за Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска на Македонскиот народен театар ќе му додели признание „Орден за заслуги за Македонија“.

– На Македонскиот народен театар му се доделува орденот по повод 70 години од неговото основање, а особено за успешното презентирање, промовирање и негување на македонското и светското театарско творештво, со што даде исклучителен придонес за збогатувањето на македонската култура и за афирмацијата на Република Македонија во светот, соопшти Кабинетот на Претседателот.