Италијанското пијано-дуо Скјаво – Маркеџани на „Охридско лето“

Италијанските пијанисти Марко Скјаво и Серџо Маркеџани вечер во рамки на „Охридско лето“ во црквата Света Софија ќе одржат концерт насловен – Пијано „четири раце“.

На програмата на вечерашниот концерт со почеток од 21 часот се избрани дела на Шуберт и Брамс.

Пијано-дуото „Скјаво – Маркеџани“ се смета за едно од најактивните и најценетите денес. Извонредната координираност, техника, експресивност, убавина на звук, интензивност и прекумерна енергија со која се одликуваат нивните настапи, ја плени публиката низ целиот свет.

Дуото музичари Серџо Маркеџани и Марко Скјаво своето знаење го стекнале под менторство на некои од најистакнатите професори-пијанисти денес. Заедно музицираат уште од 2006 година и оттогаш имаат направено стотици концерти на некои од најзначајните фестивали и најпрестижните сали во светот.