Истражување: Македонските жени се подобри менаџери од мажите

Во последниве години значително е зголемен број на жени претприемачи и жени кои се наоѓаат на клучни позиции во домашните компании, што значи дека свеста за жената како претприемач во Македонија веќе е добро развиена.

Главните пречки врзани за жените како претприемачи е тоа што не се вреднувани на ист начин како мажите и имаат поголеми тешкотии да дојдат до финансиски средства.

Македонските жени како пречки за започнување и водење на бизнис го истакнуваат недостигот од финансиски средства, а кај жените од руралните средини и недостаток на едукација. И покрај тоа во последниве години значително е зголемен број на жени претприемачи и жени кои се наоѓаат на клучни позиции во домашните компании. Тоа од друга страна значи дека свеста за жената како претприемач во Македонија веќе е добро развиена.

Жените претприемачи во Македонија квантитативно, се подеднакво застапени како и во Европските земји, а нивото на едукација дури е и поголемо. Женското претприемаштво претставува огромен неискористен извор на иновација, креатор на нови работни места и економски растеж. Јавниот и приватниот сектор, како кај нас така и во светот сѐ повеќе му даваат заслуга на женското претприемаштво како една од водечките движечки сили за раст на економијата.

Од друга страна, жените имаат вродени претприемачки способности. Успехот во бизнисот бара интуиција, здружување со конкуренцијата, споделување на таленти, информации и ресурси, а сето ова е својствено за жените. Тие помалку ризикуваат и затоа нивните бизниси побавно се развиваат, но се поодржливи од бизнисите кои ги развиваат мажи. Главните пречки врзани за жените како претприемачи е тоа што не се вреднувани на ист начин како мажите и имаат поголеми тешкотии да дојдат до финансиски средства.