Истражување: Луѓето без симптоми се оние кои го шират корона вирусот

Експертите истакнуваат дека околу 6 од 10 лица не покажуваат никакви симптоми и притоа се несвесни дека се носители на корона вирусот. 

 

Според едно од најновите истражувања објавено на вебстраната на Светскиот економски форум, постои голем број на луѓе кои имаат слаби или пак немаат никакви симптоми и со тоа се оние кои всушност го шират вирусот до оние кои воопшто не патувале во заразените подрачја во изминатиот период. Резултатите од ова истражување покажуваат дека околу 34.700 луѓе во Вухан имале слаби симптоми и со тоа биле носители на вирусот, но поради неможноста за тестирање, лекарите во тоа време биле несвесни за оваа бројка и со самото тоа, лицата не биле вклучени во официјалната статистика.

Според Ву Тангчун, експерт за јавно здравје на Хуажонг универзитетот за наука и технологија, дури 59 % од заразените лица немале никакви симптоми, и притоа не биле  првично тестирани. Според него, тоа е причината за брзото ширење на вирусот во Кина.

Ваквото истражување е базирано на базата на податоци која содржи 26 000 лабораториски потврдени случаи во Вухан, а истото е различно од извештајот на Светската здравствена организација според која многу е мал бројот на луѓето кои не покажуваат никакви симптоми.

Дополнително помало истражување во кое биле вклучени 565 жители на Јапонија кои биле евакуирани од Вухан во текот на февруари, 31 % од заразените не покажале никаков симптом. 

Во Исланд, државата која тестираше поголем дел од своите жители, дури половина од тестираните немаат никакви симптоми.