Пријатели ме викаат Бак. Јас ја побив изрека “Еднаш зависник од дрога – засекогаш зависник“. Поточно, дури ни сега не знам кој сум, но барем со сигурност знам што не сум – не сум лажго, крадец, убиец на својата мајка и не сум зависник од дрога – тоа сигурно не сум јас.

Откако знам за мене, многу ја сакав својата мајка и се гордеав со неа. Мајка ми беше најубава на цел светот. Таа е родена во Америка, нејзините родители имаа семеен бизнис и беа многу богати. И ја овозможувале најдобрата едукација, и ѝ посакувале да има успешен брак и одлична кариера. Се понатаму се случувало како во филм: таа се вљубува во пилот, има недоразбирање со родителите кои сметаат дека тој не е доволно добар за неа и заедно со нејзиниот сопруг заминуваат од Америка засекогаш.

Роден сум во период кога животот на моите родители не беше сосема среден.Мојот татко ретко беше дома, а мајка ми не можеше да се помири со фактот дека не е во можност да ми овозможи сé што имала таа во нејзиното детството. Многу години подоцна дознав дека се откажувала од многу работи, за мене да ми купува скапи и убави играчки. Таа не работеше и целото свое време го посветуваше на семејството. Одев на приватни часови за странски јазици, на приватни часови за клавир, вежбав кошарка….одев на сите родендени на моите пријатели. Со пет години научив да читам и да зборувам два јазика, а веќе со осум години пишував книги за деца.

Бев среќен и воопшто не ја перципирав реалната ситуација ниту пак го ценев фактот колку моите родители прават сé за да бидам среќен. Во мојот свет немаше никаков “облак“, сé беше совршено, мајка ми ме штитеше и од најмалите непријатности. Пораснав во бајка, во која мајка ми беше “режисер“.

Кога имав 11 години, на гости дојдоа родителите на мајка ми и ми донесоа еден “камион” со подароци. Од тој момент станав нивниот омилени внук. Во мојот совршен свет, скапата облека, патувањата, најдобрите компјутери беа нешто вообичаено. Во тоа време моите другари ми го дадоа прекарот “Бак” затоа што секогаш бев полн со пари.

Мојот свет се урна кога имав 13 години, кога одеднаш се појави мојот помлад брат. Тој ми ја зеде целата љубов на мајка ми која бдееше над него во текот на ноќите кога плачеше, за време на детските болести….. Беше многу убаво дете со убави плава кадрици, но далеку по разгалено детиште. Таткото ми тогаш престана да лета и падна под влијание на командите на малиот минипулатор. Сега целиот свет се вртеше околу него.

Тогаш првпат избегав од дома и запловив во нов свет полн со авантури и опасности. Научив да крадам, го искусив првото сексуално искуство, вдишував лепак и разни други одвратни нешта. Како и претходно, во сé сакав да бидам прв и најхрабар. Сега сфаќам дека во тоа време опасно експериментирав со својот живот. Тогаш за првпат завршив на реанимација, кога ме најдоа некои луѓе онесвестен на улица од предозирање од некој вид на таблетки.

Мајка ми постојано ме вадеше од полицијата, а јас секојпат ветував дека никогаш нема да се повтори. Но, одново и одново, бегав од дома и запловував во својот “магичен свет” полн со трева, со некаков вид на хемиски супстанци, со таблети, халуцинации, страв и храброст. Дури и сега тешко можам да се сети што се сé случуваше со мене во тој период….всушност и не сакам да се потсетувам на сето тоа.

Научив што е тоа хероин кога имав само 15 години. Го “запознав“ многу јасно и убаво. Другар ми и јас бевме единствените во друштво кои неколку месеци шмркаа и користеа секаков вид на ѓубре, а потоа со гордост на сите им раскажувавме за нашите “патувања“. Се чувствувавме возрасните и “кул”. Обичните луѓе ни изгледа глупави и мизерни инсекти кои се преокупирани со своите глупави работни места, со глупавите и лигави проблеми на нивните деца. Тие не разбира ништо од животот, не може да ја видат смислата на животот.

Дури сега гледам колку мизерно, валкано и одвратно суштество сум бил, кога сум бил под дејство на наркотични средства, а себе се гледав како мудар и бестрашен херој, голема личност што сјае во целиот свет со својата светлина и убавина…

Еден ден, забележав како мојот пријател да паѓа во сон, стануваше се поблед, па дури и модар. Сеуште дишеше, сеуште беше жив кога го одвлечкаа во дворот…срцето сеуште ми чукаше. Се обидоа да го разбудат, му дадоа некакво вештачко дишење, но ништо не помогна. Тогаш некој повика брза помош и сите се разбегавме во паника …

Велат дека кога го донеле во болница веќе бил мртов…. Јас го оставив својот другар да умре …

Тој ден решив дека никогаш повеќе нема да допрам дрога. И следниот ден започна некаков вид на необична болест….ладно, треска, несоница, гадење. Кога почнаа да ме болат коски, ја запознав хероинската криза која земаше се поголем замав. Единственото нешто на што можев да размислувам во тој момент беше каде да најдам доза. Но, никој не сакаше да ме почести…дознав дека моите пријатели до вчера биле обични дилери, а јас сум им бил потребен само како заморче за тестирање на нови производи и како клиент, од богато семејство. Тогаш за првпат украдов пари од мајка ми.

Не можам и не сакам да зборувам за таа пеколна година и за сите работи низ кои поминав, ниту пак за пеколот низ кои поминуваше целото мое семејство. Еве само некои од моите најнезаборавни моменти од мојот пад на дното:

– крадев од дома сé што не успеваа да сокријат од мене

– континуирано лажев, исто како на авто-пилот да бев ставен, онака од навика

– ги оргабував студентите по улица

– земав пари од питачи

– му се заканував на татко ми со пиштол и ја тепав сопствената мајка за да добијам пари

– почнав да продавам дрога и “навлеков“ најмалку уште 10 нови луѓе

– ја навлеков девојка ми на хероин и ја заразив со хепатитис

– девојка ми три пати мораше да абортира

– неколку пати се лекував, но останував чист не подолго од месец  дена

– речиси ќе умрев од предозирање, имав епилептични напади, прележав пневмонија…и секој пат мајка ми ме извлекуваше од овој пекол

– татко ми се откажа од мене и ја остави мајка ми

– од мајка ми направив старица со искривена уста од прележаниот мозочен удар

Какви сé не злосторства направив и уште што остана да уништам? Одамна престанав да верувам во нешто и во некого. Точно знаев дека ништо не може да се врати, да се подобри и  да се промени, дека никој не може да ме оттргне од дрогата. Последната година постојано  низ глава ми се вртеше мислата за самоубиство. Единствено се надевав дека смртта порано ќе дојде по мене…

Еден ден на интернет барав нешто за лечење од депресија кај зависниците и ја сретнав страницита RefindYourWay. Таму беше јасно опишана мојата ситуација, како поради проблеми луѓето добиваат потсвесна потреба да започнат да употребаат наркотици…како подоцна страда од постдепресија за време на апстиненција….како постојано му се враќа потребата за повторно да започне со употреба на наркотични средства. Тогаш сфатив дека сум бил во еден маѓепсан круг на депресија кој води кон хероинот и дека дотогаш сите се обидуваа да ја излечат половината од мојата болест – зависноста, а не и втората половина – депресијата. Резултатите не можеа да се постигнат бидејќи никој не ја лечеше мојата душа и моите негативни чувства.

Консултацијата беше бесплатна и веднаш одлучив да се јавам во RefindYourWay. Немав ништо што да изгубам. Пријатен женски глас ми рече дека штом сум жив, значи дека постои излез. А јас, кој никогаш не веруваат во Господ, одеднаш сфатив – штом сум жив, тоа значи дека сеуште треба да живеам и сеуште на некого сум му потребен. Внимателно ме ислушаа…ми поставија сто прашања на кои никогаш и не ни помислував. Многу работи ми објаснија за мојот проблем и за мене. Ниту еднаш не се почувствував понижен од нивна страна ниту пак дека сум само пациент…туку детално ја согледаа мојата ситуација, направија јасна анализа, ми дадоа точни препораки. Тие ми помогнаа да изберат каде и како најлесно и најбезболно да се излечам од хероинот. За една недела ме симнаа само на 5 грама на ден. Не само што немав криза, туку немам ниту вртоглавица ниту пак чувствував поспаност…почнав повторно да играм кошарка.


Како да почувствував дека вратата од пеколот се затвара позади мене. Одамна немав почувствувано вакво олеснување и радост. Понатаму беше многу полесно: третман за психолошката криза, за депресија, за психичка зависност. Секој ден од мојата душа вадеа еден по еден слој на товар, на ментален проблем. Преживував срам, сомневање, страв од враќање дома. Благодарност и љубов постепено ја исполнуваа мојата душа. Се почесто размислував за мајка ми и што треба да направам за неа. Се сетив на мојот помал брат, на кого се обидував да заборавам и на кого му го украдов детството и родителите.

Сега ја поминувам INFOTURN програмата која значи пресврт на судбината со користење на информации. INFOTURN програмата ја води руски психијатар д-р Виктор кој е всушност творец на оваа метода. Без лекови, со голем број на необични обука ги “чисти“ сите видови на нечистотии кои се имаат акумулирано во срцето,во душата.

Сеуште не знам ќе се случи со мене, но со сигурност можам да тврдам дека повеќе нема да бидам зависник од дрога….