Исповед на една девојка која никогаш не била во сериозна врска: Да живееме сега!

Жени, сигурно ќе се препознаете... Наскоро ќе дипломира, а никогаш не била во сериозна врска. Никогаш не го запознала дечкото кој ќе биде посебен за неа, својата подобра половина. Но, таа нема проблем со тоа.

„Кога бев девојка и ги гледав сите тие филмови на Дизни, се сеќавам дека бев прилично возбудена околу тоа дека и јас еден ден ќе го запознаам својот принц на бел коњ. Се сеќавам дека во основно училиште едвај чекав да тргнам во средно, каде претпоставував дека ќе ја најдам својата прва љубов, ќе одиме заедно на забави и ќе бидеме партнери за матура. Нормално, ништо од тоа не се случи.

Кога се подготвував за факултет, повторно бев возбудена, затоа што мислев дека можеби таму ќе запознаам некого. Но, со оглед на тоа дека кај и да е ќе дипломирам, секоја девојка претпоставува дека веќе мора да има сериозен дечко покрај себе. Но, јас сум сама.

Па да, скратам, никогаш не сум била во сериозна врска. Никогаш никого не сум нарекла: свој дечко, никогаш не сум славела годишница, никогаш не сум го доживеала оној момент во кој мојот партнер ми рече дека ме сака. Никогаш не сум ни била заљубена.  

Не сакам да ве уверувам дека еден ден ќе ја запознаете љубовта на вашиот живот. Само сакам да ви кажам дека морате да уживате самите со себе.

Секако, имам излегувано со момци, некои од нив беа супер, некои не беа најдобри, за некои мислев дека ќе успеам да остварам некоја блискост... Но, тоа не се случи.

И тоа е океј.

Сега имам два избори: Да се жалам над својата судбина или на се ова да гледам позитивно: јас сум во врска самата со себе.

Понекогаш се чувствувам ужасно поради тоа што никогаш во животот никој не ми рекол дека ме сака, но има моменти кога се чувствувам одлично и тоа што ја славам мојата независност и дека таква ќе можам да го освојам целиот свет.

Бајките, филмовите и сериите нѐ учат дека непрестајно треба да бараме маж, наместо да ни велат дека треба да уживаме во моментот.

Затоа на сите жени сакам да им кажам дека треба да се чувствуваат супер иако не искусиле вистинска љубов, затоа што човекот со кој сте во врска не треба да ве дефинира како личност. Можете да бидете целосни дури и ако сте сами. Вие сте своја личност и никој никогаш не смее да ве промени.

Затоа, излезете со друштвото, волонтирајте, правете ги работите што отсекогаш сте сакале да ги правите. Ако ја запознаете љубовта на својот живот во процесот, тоа е само уште еден плус во вашиот живот.

Најлошо е да се живее за другите и да се грижите за туѓите мислења. Тогаш забораваме кои сме ние и што навистина сакаме. Во таква кожа никогаш нема да бидете срежни. Ова е можност да работите на себе, да вложувате во своето знаење и способност. И во ред е да се надевате дека некаде  таму се наоѓа вашата сродна душа, но не се замарајте многу со тоа. Живејте за моментот затоа што утре можеби нема да го имате!