Искршен Споменикот на децата бегалци во паркот Жена Борец

Споменикот на децата бегалци во Жена Борец осамна искршен и паднат во фонтаната. Изминатово утро за сега непознати вандали комплетно ја оштетиле плочата која означуваше спомен за децата бегалци – жртви од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

Споменикот на децата бегалци е откриен на 30 јуни 1988 година, кога во Скопје е одржана Првата светска средба на децата бегалци.