Сурогат-мајчинството е комплексна улога, која со себе носи многу различни емоции. Додека едни се среќни поради улогата, многу сурогат-мајки отворено признаваат дека се каат поради својата одлука.

Додека за едни е тешко да се откажат од бебето, за некои е предизвик да се носи туѓо бебе.

Токму за чувствата на оваа тема проговориле сурогат-мајки на страницата за споделување тајни „Виспер“. Еве што велат дел од нив:

- Сурогат-мајка сум и не сакав да се откажам од бебето.

- Одлуката да бидам сурогат-мајка беше најлошата одлука во мојот живот и секогаш ќе жалам поради тоа. Дури и ако некому така се исполниле соништата, јас добив само кошмари.

- Јас сум сурогат-мајка за мојата тетка. Најчудната работа во оваа ситуација е кога сум излезена со момчето, па луѓето ни честитаат.

- Јас сум сурогат-мајка за пријателка и секојпат кога некој ми честита, јас кажувам дека не е мое, дека само го носам за пријателка, а тие потоа чудно ме гледаат.

- Моето момче не се согласува со одлуката да бидам сурогат-мајка за членови од моето семејство. Не знам како да се носам со тоа.

- Бремена сум четврти месец за друга личност и одвај чекам сето ова да се заврши!

- Јас сум сурогат-мајка за жени што не можат да имаат деца. Не знам колку осуди сум доживеала и лоши погледи, само затоа што немам бурма на раката.

 - Сурогат-мајка сум за двојка што живее во друга држава. Повремено сум смирена и ова за мене не претставува ништо посебно, но кога подолго размислувам за тоа, си мислам дека ова е тотално луда работа.

- Тоа што носев дете за мојата сестра е најмалку што можев да направам за неа, по сето она што таа го направи за мене.

- Секако дека сега имам стрии, но мојата роднина за која носев дете, вреди за секоја линија што ми се појави.