Искрена исповед на Горан од Скопје: Ветеринарите се убијци, а не доктори на кучиња

Утрово до редакција на Скопје Инфо стигна реакција на Горан од Скопје кој реагира на услугата која ја добил во Ветерината станица во Скопје.

Тој надевајќи се дека ветеринарните доктори ќе го спасат животот на своето милениче, наишол на дрзок и безобразен однос и останал без „важен член“ на своето семејство.

Дојде време на вакцинација на моето милениче. Повикав доктор од Ветеринарната амбуланта во Скопје. Кога дојде ветеринарот си ја заврши својата работа и не предупреди дека кучето може да покаже реакции од вакцината. По заминувањето на ветеринарот кучето постојано беше во лоша состојба.

Зарем ветеринарен доктор не може да процени дека кучето не е спремно за вакцина или важно е само да ги земат само парите? - прашува Горан.

Следното утро решивме да посетиме ветеринарен доктор во Ветеринарната болница во Скопје во населбата Автокоманда, ветеринарот беше незаинтересиран му стави три инекции без да посвети посериозно внимание на миленичето, вели Горан.

Кога се вративме дома состојбата на кучето му се влоши, додава скопјанецот. Постојано се мачеше. Вели дека потоа побарале помош од истиот ветеринар,но тој повторно не бил заинтересиран. Барал разни изговори за смртта за кучето.

Подобро ќе беше сами да го лечиме сопственото куче одколку да го препуштиме во раце на еден ветеринарен лекар кој воопшто не се грижи за нив. - вели Горан.

Имав чувство дека се работи за предмет, а на за живо суштество. Воопшто не сакаше да ме сослуша и покрај тоа што тоа е негова работа и обврска. Јасно ми го кажа името дека се вика Драган Алексов и рече слободно да го тужиме затоа што не му било гајле за моето куче.

Свесен бил дека го убил моето куче, но тоа е тоа не можел никако да помогне. - зарем ова е изјава на еден ветеринарен доктор? Зарем овие луѓе треба да се грижат за животните? прашува тој.

Горан апелира до сопствениците на животни да ја избегнуваат оваа ветеринарна амбуланта, а остава јавноста да суди за потегот на ветеринарот Драган. Дали овој човек заслужува да биде ветеринар? Јас сметам дека тој е убиецот, а што мислите вие? - прашува Горан.