Искористете ја сезоната на праските: Одлични се за слабеење!

Во Кина, праските се одгледувале уште пред 4.000 години и се сметале за симбол на долг живот. 

Во Европа ги донеле Римјаните. Инаку, праските се идеално овошје за тие што се на диета, бидејќи во 100 грама има само околу 40 калории.
Во праската има најмногу вода, потоа јаглени хидрати и малку протеини и масти. Богати се со бета-каротен и витамин Ц.

Исто така, праските се добар извор на калиум, фосфор, магнезиум, калциум и селен. Тие делуваат благотворно на организмот, бидејќи се одличен диуретик, го прочистуваат организмот од токсините и го подобруваат варењето.

Доколку купувате зрели плодови, изберете ги помеките. Зрелите праски се расипуваат брзо, па затоа чувајте ги во фрижидер и изедете ги во рок од два дена.