Зоолошката градина е идеално место за посета, кога надвор имаме убаво и сончево време. И за младите и за старите.
Посетеноста е како никогаш досега. Новите животни, изградбата на новите живеалишта, постојаните активности продонесуваат и посетеноста постојано да се зголемува. Зоолошката градина не застанува со изненадување. За во иднина најавуваат дека ќе пристигнат уште многу други животни, а сега за сега најголема атракција се двете слоници Дуња и Даела. Деновиве пристигна и шимпанзото Коко, со уште две други шимпанза.
Искористете го убаво овој сончев викенд, но едно не заборавајте кога одите во Зоолошка, не им давајте храна на тамошните животни.
Несовесните граѓани и покрај предупредувањата, на животните им даваат висококалорична храна, но фрлаат и отпадоци што можат да го загрозат животот на животните. Тие животни се хранат со здрава храна, редовно и по нормативи. Секој жител на Зоолошката има свое мени, а исхраната е составена само од висококвалитетна храна богата со витамини, минерали, протеини.
Храната што ја фрлаат посетителите штетно влијае на здравјето на овие животни.