Исклучените од парно продолжуваат со протести

Денеска ќе се одржи 147-от редовен протест на исклучените од системот на Топлификација. 

„БЕГ се уште испраќаат лажни фактури, судот се уште е под влијание на Чукиќ и Марков, нотарите се уште фалсификатите ги претставуваат како “веродостојни исправи“, извршителите се уште кружат околу нас како лешинари, ние ПРОДОЛЖУВАМЕ!“ се наведува во соопштението на здружението на граѓани „Уа лопови“.

На протестот ќе се собираат и потписи против незаконското работење на извршителите, порачуваат од здружението.