Исклучените од парно кои плаќаат паушал обвинуваат дека во најголем дел им се одбиваат барањата

Одбиени најголем дел од барањата од исклучените од парно, обвинуваат од Но Пасаран. Велат дека постојано им се воведуваат нови услови кои исклучените треба да ги исполнат за да се ослободат од обврската да плаќаат паушал , па затоа на многумина не им се прифатени барањата и тие се уште добиваат сметки. Обвинуваат дека многу од точките кои биле договрени на состанокот со надлежните не се почитуваат.

Од Регулаторна комисија за енергетика најостро ги демантираат овие обвинувања.

Најголем дел од барањата на овие лица се прифатени, околу 98 отсто . Новите услови се воведени за да се допрецизираат правилниците и тоа што го воочивме во практичната примена го воведовме во измените. На овој начин  ќе имаме еднаков пристап за сите исклучени потрошувачи односно ќе плаќаат само оние чии што станови се празни затоа што им прават штета на приклучените. Сите исклучени потрошувачи кои се незадоволни од одговорите од БЕГ можат да достават во секој момент жалба во РКЕ. Во следниот период РКЕ ќе се насочи кон подобрување на квалитетот на испорака на топлинска енергија, се вели во реакцијата на РКЕ.

И од БЕГ тврдат дека повеќе од 90 отсто од барањата кои биле доставени кај нив се прифатени.

Примени се сите барања на потрошувачите кои пополните формулар одобрен од РКЕ и ги пиложиле валидните документи и наголем дел од нив ( повеќе од 90 отсто добиле статус на исклучен потрошувач кој нема обврска да плаќа. Останатите 10 отсто не ги исполнуваат барањата од Правилникот за Снабдување и истите се обраќаат за второстепено одлучување во регулатрната комисија, се вели во  дописот од БЕГ.

Инаку според новите правила од обврската да плаќаат паушал ослободени се сопствениците  на стан кој живеат  во него, го наследиле, добиле на подарок или , го стекнале по друг основ.  До снабдувачот тие освен барање за ослободување, треба да достават и лична карта, имотен лист и седум последователни сметки за струја  во грејна сезона.  При тоа од октомври до април треба да биде потрошено повеќе од 1.000 KWH.

Ослободени од паушал се и сопствениците кои го дале објектот на користење. Во тој случај освен овие документи тие треба да достават и лична карта од корисникот, како и договор за закуп заверен на нотар, а ако закупецот е фирма тогаш треба да достави  имотен лист, договор за закуп и плус седум последователни сметки.

Од парно се исклучени околу 12 илјади домаќинства.