Исчистете го телото од сите отрови и маснотии со овие 5 едноставни совети

Време е за нов почеток и детоксикација на организмот. Еве пет начини како да го исчистите вашето тело:

Јога за варење

Нема потреба да чекате да дојде понеделник за да започнете со чистење на телото. Јогата можете да ја практикувате секогаш кога сакате, а многу од позите покрај останатото се наменети и за да го подобрат варењето. Доколку сакате динамично вежбање, трчањето и кардиоваскуларните вежби во утринските часови се одличен начин да се разбудите и да го започнете денот свежи.

Започнете го денот со зелен чај

Празничната храна е полна со масти, сол и шеќер, па после таквиот силен микс потребно е да се освежи сетилото за вкус. Во блендер направете сок од зелен зеленчук за детоксикација кој по природен пат ќе ги отстрани токсините од организмот. Со овој сок ќе го „обновите“ сетилото за вкус, па ќе ја намалите желбата за блага и мрсна храна на која се навикнавте во претходните денови.

Не правете реприза

Новогодишните и божиќни празници се веќе зад нас. Тоа што вашиот фрижидер е полн со остатоци од вкусна, масна и силна храна не треба да значи дека треба да ја полните чинијата како за празник. Настојувајте оброците да бидат мали и нормални и вратете се на својот нормален, задрав начин на исхрана колку што е можно побрзо. Ако замете едно парче торта, не враќајте се по второ.

Снабдете се со здрави производи

Можеби се уште немате место во фрижидер, но секогаш можете да направите место за лиснатите билки, лимонот или целите житарки. Ако ги гледате тогаш и ќе ги јадете.

Јадете супа

Најдобро би било да направите домашна супа од зеленчук и да додадете малку овесни снегулки. Готовите супи брзо се приготвуваат, но содржат многу сол, а покрај останатото целта на детоксикација е и отстранување на солта и водата кои се задржуваат во организмот.