Исчезнатиот на Бистра го делеле 50 метри од патот што го водел кон спасот

Само 50 метри го делеле исчезнатиот син Сашо Мицевски до шумскиот пат и полицијата каде ќе го најдел спасот. 50-годишниот маж беше пронајден мртов на падините на Бистра, откако претходно беше пронајден и неговиот татко во фаза на распаѓање.

Како што пишува Дневник, армиските тигри и ренџери во петокот го најдоа телото и на Сашо, кој заедно со татка си беше исчезнат повеќе од десетина дена. телото беш најдено на 300 метри од местото каде беше пронајден неговиот татко.

Телото е однесено на обдукција која треба да ги даде сите одговори.

Двајцата исчезнаа на 14 јули, а по нив трагаа специјалци, полицијата, ренџери, тигри, кучиња и најблиските пријатели и роднини.